Најнов број Насловна
Број 1623    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
Патот Тетово-Јажинце ослободен

Македонските сили вчера попладне воспоставиле целосна контрола врз патот Тетово-Јажинце, јави агенцијата "Бета".

Магистралниот пат Тетово-Скопје е под целосна контрола на македонските безбедносни сили. Во неговата околина вчера се уште се вршеше разминирање, а силни полициски сили го обезбедуваат патот во заседи. Се проценува дека патот повеќе нема да биде цел на албанските терористи.

Патот Желино-Сиричино, во должина од три километри, беше миниран на три места. Се очекуваше вчера патот да се разминира за да се ослободи патниот правец од Желино до Вратница, кој води преку селата во Јегуновска општина.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани