Најнов број Насловна
Број 1868    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
ГОЛЕМ СЕАЛБАНСКИ СОБИР ВО МАТЕЈЧЕ
Командантите на ОНА ја славеа "победата против Славомакедонците"
На настанот присуствуваа германски војници и припадници на НАТО во состав на мисијата "килибарни лисици"

Со жестоки говори против "екстремниот национализам на Славомакедонците", проследени со овации и аплаузи на повеќе од 10.000 етнички Албанци, вчера во кумановското село Матејче се одржа помен на 16 загинати припадници на ОНА. Свеченоста се одржа на денот кога пред една година "во одбрана на албанскиот народ од македонскиот терор во Матејче беа убиени борците на УЧК".

На свеченоста присуствуваа сите истакнати команданти на поранешната ОНА, а во првите редови на прославата беше и поранешниот пратеник Хисни Шакири заедно со Фазли Велиу, познатиот кичевски бомбаш.

Поменот во слава на 16 загинати Албанци почна со интонирање на химната на Република Албанија. Следуваа воинствени говори на таканаречениот командант Малишева и на кичевецот Велиу.

- Кога мислеа дека со терор врз цивилното население и со помош на бугарски, српски и украински платеници ќе го сотрат албанскиот народ, екстремните Славомакедонци налетаа на храбрите борци на УЧК. Кога во село Ваксинце душманите го убија командант Тигар, мислеа дека го скршија духот на УЧК. Се излажаа. Кога Љубе Бошковски ја лажеше јавноста дека ќе влезе во Арачиново и дека ќе пие кафе сред село, заборави дека таму беше УЧК - викна Велиу пред насобраните граѓани, кои возвратија со бурни овации.

На свеченоста во спомен на загинатите, присуствуваа германски војници и припадници на НАТО во состав на мисијата "килибарни лисици".

Граѓаните и обезбедувањето на собирот беа изненадени кога видоа новинари - Македонци. Со исклучок на неколку невкусни дофрлувања, односот на насобраните кон новинарите на "Дневник" беше коректен. Дозвола за присуство на "Дневник" на собирот даде таканаречениот командант "Хоџа", кој нареди двајца од обезбедувањето постојано да внимаваат на безбедноста на новинарите.

(Е.З)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани