Најнов број Насловна
Број 2269    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   

Радмила Шеќеринска: Треба да го подобриме имиџот на Македонија

СРЕДБА НА ШЕЌЕРИНСКА СО ПРАТЕНИЦИТЕ
И македонското сонце е ѕвезда за европското знаме

Треба да го подобриме имиџот на Македонија кај членките на ЕУ и да ја продадеме македонската приказна на европскиот пазар. Тоа вчера го изјави вицепремиерката Радмила Шекеринска на средбата со пратениците од комисиите за соработка со парламентите на европските земји.

Таа ги повика пратениците максимално да се ангажираат на собирање искуства од другите земји, да лобираат за афирмација и јакнење на меѓународната позиција на државата. Шеќеринска најави кампања за влегување во ЕУ, под мотото "И сонцето е ѕвезда".

- Нашата приказна треба ја слушнат амбасадорите во Скопје, националните влади, Европарламентот, националните парламенти, а особено граѓаните на членките на Унијата - рече Шеќеринска.

Парламентарците го истакнаа консензусот за прашањето на евроинтеграцијата, но и потсетија на внатрешните меѓупартиски и меѓуетнички и разидувања. (Д.М.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани