Најнов број Насловна
Број 2401    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   

Благоја Ристевски - Стопаро, еден од летачките легенди во Македонија

ГРАДОТ ПОД ТУМБЕ-КАФЕ ФЕНОМЕН
Во Битола се лета, а се прават и авиони
Се очекува двајца битолчани наскоро да летаат на авионите што сами ги направиле, а налето во Пелагонија ќе проработи и летачката школа

Битолчани се вљубени во летањето. Тука нема дилеми. Според статистиката на аероклубот, 35 битолчани летаат за компании на сите страни во светот. Една од летачките легенди, Благоја Ристевски-Стопаро открива за ?Дневникк? и други тајни што се подготвуваат под Тумбе-кафе. Така во еден битолски хангар, сопственост на фирмата ?Барнии?, лоциран до Педагошкиот факултет, деновиве универзитетскиот професор од Техничкиот факултет, Дејан Трајковски е при крај со монтажата на својот приватен ултралесен авион. Деловите и целата конструкција ги купил во странство, а монтажата си ја прави сам при што заштедил околу 12 илјади евра. Тој учествуваше и во конструирањето на првиот македонски робот во фирмата ?Микросамм? во Прилеп. Неговиот татко, пак, покојниот професор Тома Трајковски, беше еден од основоположниците на аероклубот ?Мирко Тодоровскии? во Битола, а самиот леташе со едрилица.
Се очекува еден друг битолчанец пролетва да лета над македонската метропола со својот приватен авион, кој самиот го прави, додава Ристевски.
- Летово во Битола ќе биде отворена првата македонска приватна школа за обука на професионални пилоти и на сопственици на приватни ултралесни авиони. Веќе има голем интерес на млади бизнисмени од Грција за обучување - открива пилотот Ристевски.
Тој со гордост истакнува дека Битола е град на пилоти и пилотирањето, каде што тоа е многу ценета и омилена професија. Статистички Битола има податоци за почит.
- Битола по глава на жител беше град со најмногу пилоти во поранешна Југославија, а тој примат го задржа и во современа Македонија. Според статистиката на битолскиот аероклуб, 35 битолчани на разни страни на светот се професионални пилоти на патнички, воени, транспортни, земјоделски авиони и на хеликоптери. Тие пилотирале и сега летаат со авионите на ЈАТ, Палер Македонија, МАТ, Авиоимпекс..., но и во странските авиокомпании во Сингапур, Нигерија, Австралија.   


МЕНДЕ ПЕТКОВСКИ


НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани