Најнов број Насловна
Број 2726    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ФАС "11 ОКТОМВРИ"
Промовиран нов туристички автобус

Во скопската фабрика ФАС "11 Октомври" вчера беше промовиран новиот високотуристички автобус "санос Ц-715 роадстар". Според сопственикот на фабриката, Славе Распашковски, во овој производ е вградена современата технологија со која Македонија може да конкурира на светските пазари. Внатрешниот и надворешниот дизајн на автобусот се дело на Илија Вучков и Горан Игор Бундалевски, апсолвенти на Машинскиот факултет во Скопје.

- Со цена од 220.000 евра и вградената софистицирана опрема и моторот на "мерцедес", ова е најевтиниот автобус од високата туристичка класа што се нуди на пазарот - рече Распашковски.

Првиот автобус, кој бил изработен за само 90 дена, го купила фирмата "Македонија сообраќај", а биле нарачани уште десет вакви автобуси. Според менаџерите, ФАС, со 180 вработени, годишно од новата технолошка лента, во која биле вложени 415.000 евра, треба да произведе 80 автобуси.

(С.С.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани