|
|
|
THIS IS TEST TITLEвраЌање на историЈата: ЦРКВА "СВЕТА БОГОРОДИЦА" Се обнови споменот што никогаш не згасна
Важен настан се случува во нашава метропола - Скопје, важен за градот, за
неговите жители - градбата, а и за нецела година довршувањето, на најголемиот и
најубавиот Божји храм, катедралната црква "Света Богородица", во центарот на
градот, на нејзините стари темели. Ме зачудува тоа што барем јас ништо не сум
чул, ниту пак сум прочитал или видел по нашиве медиуми за тоа. Како да е тоа
неважно или, пак, како да не се случува ништо. А, се случува, се гради еден
многу важен, би рекол генијален градежен објект, важен како некогашно градежно
ремек-дело, така и како важен центар на православието, на МПЦ - Божјиот
катедрален црковен храм - црквата "Света Богородица, скопската
спасителка.
Овој храм беше изграден во далечната 1835 година, од
мијачкото градителско, фреско-иконописно, резбарско-копаничарско семејство
Рензовци - од тајфата на големиот градител, иконописец, резбар Андреј Дамјанов,
заедно со неговите тројца браќа: Ѓорѓе; Коста и Никола. Тоа се синови на Дамјан,
од прочуената фамилија Рензовци, подоцна Зографски, од мијачко Тресонче, и исто
така генијални и еднакви на својот брат Андреја, во иконопиството,
фрескопиството, резбарството и во градителството. Разликата е само што Андреј ги
водел работите: правел договори за градба на комплетни црковни објекти, од
градба до живописување, резба на иконостасот, со дополнителни елементи - царски
двери, царскиот престол и друго.
Ваквиот однос и ваквата ситуација ме
натераа да напишам неколку реда за овој настан, а нешто повеќе за и околу овој
некогашен Божји храм. Намерата ми е и да ја запознаам пошироката јавност како со
овој црковен објект, така и со неговите градители: тресонечко-папрадишка-велешка
фамилија Рензовци - Зографски, претприемачи, градители, фрескари, иконописци,
копаничари, резбари. Кога се во прашање градби од оваков тип: народни, црковни,
божји градби градени од овој народ кои, исто така, важат и како културни,
уметнички градби, тоа се и наши први народни "даскалници" - училишта, кои го
чувале и го сочувале нашето битие, корен, култура и ако сакате нашиот ум и
разум. Нешто што не одржало и ќе не одржи како народ од се она што сме го
доживувале со векови, а и денеска се уште што го
доживуваме.
НаЈголема
и наЈубава црква
За
појасно прикажување на овој храм секако дека има потреба од еден мал историјат
за неа и за нејзината градба во 1835 година. Во однос на многубројното богатство
од цркви и манастири во средниот век во Македонија, Скопје и во неговата околина
го држат првото место. Византискиот историчар Прокопие, современик на основањето
на Скопје, на местото каде што е и сега, од половината на 4 век, вели: "Не е
лесно да се избројат Божјите храмови во Скопје кои ги подигнал неговиот основач
Јустинијан - 535 година. Уште колку ли се подигнати и во средниот век, од
другите византиски и словенски владетели, како и во времето на српското
владение, се до доаѓањето на Турската Империја. За повеќе од нив има пишани
податоци, но за многу од нив нема никакви траги, дури и за многу големи и
значајни Божји храмови. Па и за оваа црква "Света Богородица" точно не се знае
дали навистина на местото на кое е подигната во 1835 година постоеле траги на
некоја претходна црква од средниот век.
Своето значење, во овој поглед,
Скопје почнало да си го враќа, уште од првите децении на 19 век. Имено, Скопје е
прво меѓу нашите градови, каде што е изградена голема и импозантна црква "Света
Богородица", во тоа време и најголема и најубава на овие простори. И ако е Велес
последниве 40 години од минатиот век, во секој поглед позначаен град од Скопје,
и ако велешани први ја почнаа градбата, на исто така импозантната црква "Свети
Пантелејмон" уште во 1811 година, а ја завршиле дури во 1841, ако Прилеп, како
важен трговски центар, во тоа време својата црква "Свети Вознес" ја изградил
дури во 1836, а во Штип големата црква ,,Свети Никола" се подигна во 1846
година, Скопје, сепак, пред сите овие ја изгради својата ,,Света Богородица" во
1835 година.
Кога во Скопје е изградена оваа црква, градот имал само две
мали цркви, забележани во средниот век - денешната црква ,,Свети Димитрија" до
Камениот мост и црквата "Свети Спас" под стариот град Кале. До 1830 година, во
Скопје има големо зголемување на православното население. Се доселуваат од
околните села, а и надвор од скопската околија, од сите градови од Македонија.
По ова, овие две скопски цркви стануваат уште помали за православните верници.
Тие не се во состојба сите да ги примат, а и нивните локации се на незгодни
места - околу турско население кое има и друга вероисповед. Двете цркви,
едноставно, беа на многу незгодни места за православните верници.
Ова е
време и кога турските главешини никако не допуштаат да се поправат овие две
цркви, а камоли да се прошират. Познато е колку време по пожарот во 18 век
црквата ,,Свети Спас" стоеше непоправена. Првата поправка на "Свети Димитрија" е
извршена дури во 1886 година, а барањето за нејзината поправка датира уште од
1835 година. Во такви услови се појави потреба за градба на нова и поголема
црква.
Во тој период напорите кои ги вложи Русија да се добие
привилегија од Турција за припадниците на православната вера да може да градат
православни цркви на турска територија вродија плод. Руското право, добиено со
Кучук-кајнараџујскиот акт од 1674 година, кој е дополнет и проширен по нејзината
победа во војната во 1828 со Едренскиот мир од 1829, турската Порта на
Вселенската патријаршија и дала привилегија во поглед на подигање на православни
цркви. По тој чин за повеќе од десетина години, по сите градови на европскиот
дел на Турција се изградени големи и убави цркви и манастири. Во ова време е
подигната и скопската катедрална црква "Света
Богородица".
Ктиторство
на ХаЏи
ТраЈко
Меѓутоа, не се знае дали и таа би се изградила во 1835
година доколку во градот во овој период, на чело на православното население не
се нашле двајца енергични, одважни и истрајни луѓе - митрополитот Гаврил и
скопскиот ,,првенец" Хаџи Трајко Дојчиновиќ. И не само заради нив, туку и затоа
што на чело на Скопскиот пашалак не бил Хавзи-паша, ретко писмен муслимански
првенец во тие времиња.
Се знае и тоа дека тешко е изградена уште една
од најубавите цркви "Свети Пантелејмон" во Велес, чија градба траела триесет
години од страна на генијалните мијачки градители, браќата Ѓорѓе, Андреја, Косто
и Никола - синовите на Дамјан, од градителската тајфа - Рензовци, на чело со
едниот од браќата Андреја Дамјанов. Под такви тешки услови, од истата тајфа е
изградена и втората црква "Свети Спас", пак во Велес.
Митрополитот
Гаврил за скопски владика е назначен во 1831 година, само две години по
Еедренскиот мир. Во Скопската епархија владеел со големи успеси и во неа се
задржал се до 1844 година. Поради неговата позната истрајност и енергија во
однос на православната вера и црква, поради неговото ревносно служење, тој кај
скопјаните оставил најубави спомени. Тој е првиот што издејствувал одТурците да
ги почитуваат реформите кое се случиле во однос на верските прашања.
Што
се однесува до изградбата на црквата "Света Богородица" тука од големо значење
биле и личните односи кои ктиторот Хаџи Трајко Дојчиновиќ ги имал со господарот
на пашалакот, Хавзи-паша. Не само заради нивното големо пријателство, туку и
заради неговите лични особини, но и неговата материјална состојба која му
овозможувала да ужива голем респект и почит и кај муслиманското население. Со
тоа тој многу влијаел на самиот Хавзи- паша.
На скопјаните дозволата за
градба на овој храм им ја дал скопскиот Хавзи-паша. Според правилата, тој морал
да издаде посебен ферман, како и при градбата на другите цркви. Но, ферманот за
"Света Богородица" досега не е пронајден. И покрај тоа, црквата почнала да се
гради со голема љубов од сите во градот, а покрај најголемиот ктитор Хаџи Трајко
имало и други дарители.
Дело на
наЈдобрите
Најзаслужните за почетокот на градбата на црквата
решаваат нејзиното подигање да им го доверат на најдобрите мијачки градители,
фреско-иконописци, копаничари и резбари од Папрадиште, Тресонче, Галичник,
Лазарополе, Гари, Осој. Поконкретно, за градителите на овој храм пишани податоци
од тој период нема. Меѓутоа, се знае дека градбата им била доверена на
најдобрата градителска тајфа - Рензовци, денеска Зографовци, Тие кон крајот на
17, 18 и почетокот на 20 век биле прочуени неимари во занаетот. Најголем углед
меѓу нив стекнал Андреја Дамјан Рензовски кој ја почнал градбата на црквата.
Нејзината градба траела долго време, а во меѓувреме Дамјан починал. Црквата ја
довршиле неговите синови Ѓорѓија, Андреја, Косто и Никола, кои истовремено се
афирмираат како водачи на градителски тајфи.
Во различни временски
периоди тие работаат одделно и заеднички. Точно се знае и што тие изградиле -
скопските цркви "Св. Богородица", "Св. Димитрија", "Св. Елена и Константин",
"Св. Никола" во Крушево, "Св. Пантелејмон" во Велес. Граделе цркви и во Мостар,
во 1863 година, во Сараево, Врање и на многу други места.
Во однос на
катедралната скопска црква "Св. Богородица" треба да се одбележи дека во
нејзиното внатрешно живописување учествувале и двајцата најголеми македонски
мијачки зографи. Едниот е Дичо Крстев-Зограф, на кого токму тука во 1835 година
му почнуваат првите зографски остварувања. Дичо тука оставил над педесет
иконостасни икони. Инаку, нема катче во Македонија каде што не допрела неговата
рака со некоја икона, фреска, резба.
Необично е убав и
резбарскиот-копаничарски дел во оваа црква. Пипавата и голема уметничка работа
изработена е исто така од најголемиот македонски мијачки резбар-копаничар, кој е
прогласен за чудотворец во својот занает - гарчанецот Петре Филипоски - Гарката.
Тој ги изработил во резба: Светите двери, Архиерејскиот стол и прекрасниот
иконостас.
Благодарност
за обновата
Денес
повторно се појави човек што реши да му го врати сјајот на Скопје, изгаснат пред
61 година. Се појави повторно ктитор - Трифун Костовски, исто како оној во 1835,
кој во центарот на Скопје, на нејзините стари и сега пронајдени темели ќе ни ја
врати загубената соборна црква ,,Света Богородица", спасителката на градот. И на
крај, по 61година ќе и се врати, ова црковно светилиште на Македонската
автокефална - православна црква и на нејзините православни верници.
Ќе ни
се исполни и разубави онаа каллива ливада во центарот на овој наш убав древен
македонски град. Ќе ни се врати на неа повторно катедралната црква која беше
опожарена во 1944 година. Верувам дека веќе нареднава 2006 година ќе бидеме
сведоци на голем православен празник, на второто осветување на црквата која е
длабоко всадена во срцата и во душите на православните верници.
|
|
|
|
 |
|
 |