Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ЕПИЛОГ НА НЕЗАДОВОЛСТВОТО
Гаџа се повлекува од спорот за Евросонг

Адријан Гаџа целосно се повлекува од спорот за националниот избор за Евросонг зашто, како што рече на денешната прес конференција, не сака да се повторува скандалот од минатата година. Тој изјави дека нема да има ни тужби до "Мобимак" и МТВ, како што беше најавено и дека продолжува со својата кариера и на македонски јазик.

- Не сакам поради мене Македонија да биде дисквалификувана од Евровизискиот избор, затоа не го испративме ни подготвеното протестно писмо до ЕБУ - рече Адријан, додавајќи дека се чувствува морален победник.

Ваквото повлекување се случува на инсистирање на Адријан, рече неговиот татко и менаџер Емин Гаџа, кој додаде дека ова е поголема доблест од таа на "М2" и менаџерот Иво Јанковски, кого го нарече леукемија на македонската естрада и човек со задоцнет пубертет.

- И по три недели МТВ не ни ги достави листите од гласањето, иако ветија дека тоа ќе го сторат за 48 часа. Добивме увид за гласањето од само два телефонски броја, според кој мајка му на Гаџа гласала за Елена Ристеска и за Ламбе Алабаковски - изјави Емин Гаџа.

Гаџа изјави дека не се плаши од евентуални тужби за клевета, кои МТВ и "Мобимак" би можеле да ги поднесат поради изнесените обвинувања.

(М.Б.Т.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани