Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ПО СКАНДАЛОТ НА "ЕВРОП(Ј)ЕСМА"
Црногорците ја тужат српската телевизија

Радио-телевизија на Црна Гора упатила барање до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за пресуда во спорот околу годинашниот претставник на СиЦГ на Евросонгот и најавуваат кривична пријава против директорот на РТС, Александар Тијаниќ.

- РТЦГ упати молба до ЕБУ во која баравме од нив да влијаат на тоа проблемот да се реши по законски пат. Групата "Ноу нејм" е неспорен победник на "Европ(ј)есма" и ние веруваме дека ЕБУ нема да дозволи она што чесно е освоено да се изгуби на политичката маса. Во повеќе наврати од Тијаниќ баравме верификација на победата на "Ноу нејм", а и му реков дека против него ќе поднесеме кривична пријава зашто негова обврска како претседател на УО УЈРТ (Управен одбор на здружението на телевизиите на Србија и Црна Гора) е да ја заштити законитоста на натпреварот. Тој не си ја почитуваше обврската - изјавил Велибор Човиќ, директорот на "Монтевизија", за српскиот весник "Блиц".

Прозваниот директор на РТС, Александар Тијаниќ, смета дека го почитувал законот.

- Тоа би била прва кривична пријава што проневерител ја поднел против некој што го почитувал законот. На состанокот на земјите-учеснички во Атина очекувам пристојна реакција на ЕБУ. Ние конкретно ќе објасните што се случуваше на нашиот натпревар - вели тој.

Тијаниќ додал и дека кршење на правилата е гласањето само за своите претставници, а не гласањето за најдобрата песна. Црногорскиот дел од жирито гласал само за "своите" изведувачи, додека нивните српски колеги гласале помалку-повеќе урамнотежено, па на крајот победиле минатогодишните победници "Ноу нејм", што ги изреволтирало и публиката и српските членови на жирито.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани