Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
СЕМЕЈНА ТЕПАЧКА ВО КУМАНОВО
Го претепал братучедот со бејзбол-палка

Дваесет и шестгодишен кумановец завршил во болница со повреди на ?рбетот откако неговиот братучед го претепал со бејзбол-палка, завчера во Куманово, информира МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 17 часот на улицата Кузман Јосифовски Питу, пред куќата на Д.Д.(25). Тој подолго време имал недоразбирања со својот братучед Н.Д.(26), поради што започнала вербална расправија што преминала во тепачка. Од страната на Д.Д. се вклучила неговата мајка М.Д. (56) и брат му Н.Д. (26), а од страната на Н.Д. неговиот татко Ѓ.Д. (59) и сестра му Н.Д.

Во општата тепачка, во која се разменувале клоци и тупаници, Н.Д. (26) зел бејзбол-палка и го удрил една година помладиот братучед Н.Д. во ?рбетот. Повреденото момче веднаш е префрлено во кумановската болница и задржано на лекување. Полицијата против учесниците во тепачката ќе поднесе кривични пријави.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани