Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ТОКСИКОЛОШКА АНАЛИЗА
Милошевиќ не се отрул

Слободан Милошевиќ не бил отруен, покажуваат првите резултати од токсиколошките анализи, направени на неговото тело. Претседателот на Хашкиот трибунал, Фаусто Покар, сепак, истакна дека тоа се само површни резултати и оти комплетната анализа ќе заврши по неколку дена. Аутопсијата покажа дека Милошевиќ починал од инфаркт на миокардот.

При анализа на крвта на Милошевиќ пред неколку месеци биле откриени траги на силни антибиотици, кои го блокираат дејството на лековите за стабилизирање на крвниот притисок. Самиот Милошевиќ еден ден пред смртта напишал во писмо дека се сомнева оти некој го труе, а експерти во Хаг укажаа дека тој можеби самиот ги земал антибиотиците, за да издејствува да го пуштат на лекување во Москва.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани