Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ЗА БЕЛОРУСКАТА КГБ
Изборите се маска за пуч

Белоруските опозиционери полицијата ќе ги смета за терористи затоа што сакаат да ги искористат изборите како повод за државен удар, се закани тајната служба, јави Ројтерс.

- Должни сме да објавиме дека под маската на изборите се планира државен удар во земјата - изјави Степан Сухоренко, шеф на службата, која го задржа советскиот акроним КГБ.

"Акциите на тие што ризикуваат да излезат на улиците за да ја дестабилизираат ситуацијата ќе ги сметаме за тероризам", рече Сухоренко два дена пред претседателските избори.

Претседателот Александар Лукашенко, кој на запад важи за "последниот европски тиранин", в недела се соочува со тројца противкандидати - двајца либерали и еден националист. Главниот опозициски кандидат Александер Милинкович ги повика своите симпатизери в недела масовно да гласаат.

Западните земји се заканија со сериозни санкции против Белорусија ако изборите бидат фалсификувани во корист на Лукашенко, кој веќе 14 години е на власт.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани