Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Ревизија на ревизијата

lНеодамна јавно ја презентиравте финансиската состојба во судството и изнесовте податоци за намалувањето на судскиот буџет во делот наменет за тековно работење. Претседателите на судовите се пожалија дека, поради тоа, ќе се блокира работата на судовите. Се согласувате ли со тврдењата дека и судовите се "виновни" за лошата финансиска состојба, што се должело најмногу на лошото менаџирање на претседателите на судовите?

- Јавно изнесовме податоци дека ни е намален буџетот за тековно работење, за сметка на Академијата за обука на судии и обвинители, која стана корисник на судскиот буџет. Фактички, ни симнаа пари од буџетот за нејзино финансирање. Судовите досега не биле во олку тешка ситуација. Дури и во најлошите времиња за државата, судовите не биле во ваква криза. Најдобар одговор на тврдењата за лошото менаџирање со парите е извршената ревизија, која покажа дека судскиот буџет е наменски користен, без повреди на законот. Иако имаме внатрешен ревизор, ревизијата ја побаравме самите, за да видиме дали правиме некои грешки и дали правилно ги толкуваме законите при користењето на средствата. Откако тоа јавно го обелоденивме, повторно ни дојдоа ревизорите. Овој пат само во Врховниот суд. Немаме ништо против. Ние и натаму ќе работиме законито и транспарентно.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани