Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
спроти фудбалскиот викенд во европа
Германија - Баерн оптоварен со аферата "местење"

Во сенка на новата афера со местење на резултати, во Бундеслигата викендов ќе се игра 26. коло. Во Баерн сите се мобилизираа во обидот да го заштитат својот соиграч Бастијан Швајнштангер, обвинет за местење, наместо да се подготвуваат за големото дерби со забревтаниот Шалке 04 на "Алијанц арена" во Минхен. Гостите убедливо го елиминираа Палермо од УЕФА-купот со победа од 3-0 во реваншот завчера, што беше 11. меч без пораз за нив. Кевин Курањи сигурно нема да игра, неизвесен е Бразилецот Линколн, а кај Баерн, покрај евентуалното отсуство на Швајнштангер, во дербито нема да играат Демикелис и Дајслер.

Возбудлив меч очекуваат гледачите на "Фолксваген арена" во Волфсбург, каде што гостува второпласираниот Хамбургер. Гостите ги користат лошите резултати на Баерн, кој сега има проблеми и со аферата, за да ја "стопат" предноста од 6 бода на лидерот. Волфсбург е близу до опасната зона, има само 3 бода повеќе од Мајнц и Кајзерслаутерн. Во минатото коло, против Баерн беше освоен еден бод (0-0) и сега целта е слична против Хамбургер. Мајнц со Николче Новески како стартер ќе се обиде да се врати непоразен од гостувањето во Леверкузен кај Баер, а Ока Николов и Александар Васоски со Ајнтрахт во дербито на дното дома го пречекуваат Дуисбург.

Двојки за 26.коло - сабота (15:30 ч): Волфсбург - Хамбургер, Хановер - Келн, Ајнтрахт - Дуисбург, Борусија (Д) - Кајзерслаутерн, Борусија (М) - Штутгарт, Баер - Мајнц, Нирнберг - Вердер. Недела (17:30): Баерн - Шалке 04, Херта - Арминија.

Листа на стрелци: Клосе (Вердер) 17, Х. Алтинтоп (Кајзерслаутерн) 14, Балак (Баерн) и Смоларек (Борусија Д) по 12, Климовиц (Волфсбург), Класниќ (Вердер), Макај (Баерн) и Бербатов (Баер) по 11 итн.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани