Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Англија - Две лондонски пресметки

Лондонската пресметка помеѓу Арсенал и Чарлтон треба да биде најинтересниот дуел од 30. коло во Премиерлигата, особено затоа што натпреварите помеѓу овие 2 екипи, без разлика каде се играат, секогаш изобилувале со голови.

Арсенал мора да победи во овој дуел ако сака да одржи чекор во борбата со Тотнем за 4. место на табелата, кое како последно води во ЛШ. Градскиот ривал ќе има тешко гостување против Бирмингем, па уште денеска "топчиите" би можеле да им го преземат местото на "спарси".

Арсенал како домаќин има 3 победи по ред над Чарлтон, а на 9 меча, дома и во гости, не е поразен од малиот клуб, но треба да се напомене дека фудбалерите на Арсен Венгер во оваа сезона двата натпревара што ги загубија на свој терен беа од лондонски екипи, Челси и Вест Хем. Чарлтон нема победа на 9 гостувања по ред сезонава, а треба да се каже дека нема ни победа во ниту еден лондонски дерби-дуел. Последен пат тимот на Алан Курбишли го победи Арсенал на "Хајбери" во 2001 со резултат 4-2.

Хозе Антонио Реес е најновиот повреден кај Арсенал, каде што ќе недостигаат уште Јунберг, Диаби, Сиган, Кол и Клиши, а Кембел и Ван Перси, иако тренираат, не се доволно подготвени. Маркус Бент се жали на болки во грбот кај Чарлтон, кој одамна не може да смета на Ромедал и Сорондо.

Покрај овој дуел, се игра уште една лондонска пресметка помеѓу Фулам и Челси.

Двојки, сабота: Евертон - Астон Вила (13.45 ч.), Арсенал - Чарлтон, Блекбурн - Мидлсбро, ВБА - Манчестер јунајтед, Болтон - Сандерленд, Манчестер сити - Виган, Вест Хем - Портсмут (16), Бирмингем - Тотнем (18.15), недела: Њукасл - Ливерпул (14.30), Фулам - Челси (17).
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани