|
|
|
THIS IS TEST TITLEКУП НА МАКЕДОНИЈА Вардарци домаќини за 10.500 евра
Амбициите на Вардар про и Металург за освојување на ракометниот Куп на
Македонија овозможија РФМ да "заработи" 10.500 евра, откако претседателот на
"црвено-црните", Михајло Михајловски, понуди најмногу за да биде домаќин на
финалниот турнир. Ждрепката сакаше во полуфиналето да играат Вардар про -
Пелистер и Металург - Младост. Финалниот турнир е закажан за 8 и 9 април, во СРЦ
"Кале".
Досегашната пракса на играње на неутрален терен беше прекината,
откако претставникот на Младост не се согласуваше секој клуб да плати по 1.500
евра. Другите клубови, сакајќи да имаат ист третман, побараа и тие да не ги
платат парите. Откако ова пропадна, преостана наддавањето. Претставниците на
Пелистер и Младост ги немаше на лицитацијата и ждрепката, па нивните забелешки
беа слушнати преку телефон. И двата клуба не беа заинтересирани да
лицитираат.
Металург застана со наддавањето на 10.000 евра, откако за
нецели 2-3 минути и двете страни, почнувајќи од 5.000 евра излицитираа сума што
последниве години е највисока за организацијата на машкиот куп. Брзо се
зголемуваа сумите: наместо вообичаеното покачување од по 100 евра, овој пат се
нудеа па 500, па и до 1.000 евра повеќе од конкуренцијата. (Г.А.)
|
|
|
|
 |
|
 |