Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
НоЌ на пресврти во НБА
Мајами надомести 25, Сиетл 15 разлика

Мајами хит со голем пресврт дојде до победата против Бостон од 107-104 во еден од трите меча во НБА-лигата одиграни вчераутро. Гостите во втората четвртина имаа предност и од 25 поени разлика, но им дозволија на "жешките" да триумфираат. Тоа е најголем пресврт сезонава. Двејн Вејд во првите 22,5 минути погоди само еден шут од поле, но на крајот даде 30 поени. Шекил О'Нил заврши со 26 поени и 11 скока.

- Не се предавам, дури ни ако губиме со 50 разлика. Нема негатива од која не можете да се вратите, бидејќи знам оти се е можно. Долго сум во кошарката и сум видел вакви пресврти - вели О'Нил, чиј тим има 13 победи на последните 14 меча. Во првата акција на Хит, Шекил промаши забивање, а топката од обрачот се одби дури до центарот на теренот. Бостон ги загуби сите три меча против Мајами сезонава. Пол Пирс со 34 и Воли Шчербијак со 30 поени беа најефикасни во поразениот тим.

Сиетл го искористи неиграњето на повредениот Ален Ајверсон за да ја совлада Филаделфија со 102-98. И тука имаше пресврт. Соникс во еден момент од второто полувреме губеше со 15 разлика. Реј Ален со 26 поени беше предводник на домашните. Без Ајверсон, "76-ките" имаат 1-5 во последните 6 меча. Ајверсон не играше ниту синоќа против ЛА Клиперс. На претходниот меч, Филаделфија последната четвртина ја загуби со 12-33, а завчера со 19-29.

Минесота со 6 порази се враќа дома од шесте гостувања по ред. Завчера "шумските волци" беа поразени од Голден стејт со 97-105. Мајк Данливи џуниор со 24 поени, од кои 17 во последната четвртина, беше предводник на "воините". Дерек Фишер погоди 8 слободни фрлања во последните 2,5 минути. Фишер постави личен рекорд од 13 асистенции. По седмиот пораз по ред, Кевин Гарнет (20 п., 17 ск.) имаше многу причини за незадоволство. За да избегне губитничка сезона (повеќе порази од победи), Минесота ќе мора да добие 15 од последните 17 меча. Вориорс 12 сезони по ред не влегол во плејофот.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани