Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Продолжува притисокот од "Глас за светлина"

Здружението "Глас за светлина" им порача на граѓаните да размислат дали треба да ги платат сметките за електрична енергија. Здружението е против продажбата на ЕСМ и смета дека со неа Владата докажала оти не работи во интерес на граѓаните туку се води само од политички интереси.

Во "Глас за светлина" се уште не одлучиле дали и понатаму ќе продолжат со протести и блокади. Тие вчера упатиле писмо до Владата, во кое и порачуваат да не го потпишува "штетниот" договор со австриската ЕВН.

- Се тоа што купопродажниот договор нема да биде јавен се потврди констатацијата дека продажбата на ЕСМ не е транспарентно спроведена - велат во Здружението.

Опозицијата се изјасни против продажбата на ЕСМ и поднесе и предлог до Парламентот продажбата да се одложи додека Македонија не стане полноправна членка на ЕУ. Против продажбата беа и дел од граѓаните организирани во Невладината организација "Глас за светлина", кои со блокади на патиштата и пред Владата, се обидоа да ја запрат продажбата.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани