Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ВЛАДАТА
За јавни инвестиции 670 милиони евра

Владата завчера ја усвои Програмата за јавни инвестиции во периодот 2006-2008 година, за чија реализација треба да се потрошат 676,3 милиони евра. Во неа се утврдени 74 приоритетни проекти за развој на енергетиката, транспортот, водоснабдувањето, заштитата на животната средина и на нестопанските дејности.

Парите треба да бидат обезбедени од буџетот, фондови, странски донации, кредити и од инвеститори. За развој на стопанската инфраструктура ќе бидат насочени 557,6 милиони евра, а за нестопанската инфраструктура 118,4 милиони евра.

На владината седница беше усвоена и информацијата во врска со подготвувањето стратегија за развој на енергетиката во земјава. Во овој документ се утврдуваат долгорочните цели за развој на одделни енергетски дејности, изворите за обезбедување на потребните количества енергија и трансформацијата на енергетскиот сектор. Предвидени се и поттикнувачки мерки за зголемување на енергетската ефикасност и за исполнување на обврските од меѓународните спогодби.

Стратегијата треба да ја изработи Министерството за економија годинава.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани