Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
СИНДИКАТ
ССМ денеска ќе добие лидер

Под мотото "Здружени сме посилни", Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе го одржи 17-тиот конгрес, на кој ќе се избере новиот лидер.

Најавено е дека на конгресот ќе присуствуваат околу 500 делегати и гости од земјава и од странски синдикати. Во работата ќе учествуваат 215 делегати од гранските синдикати, од кои 135 имаат право на одлучување.

Делегатите ќе може да гласаат за еден од тројцата кандидати - Ванчо Муратовски, актуелниот претседател на ССМ, Живко Митревски, претседател на Синдикатот на работниците од дрвната индустрија и шумарството, и Бранко Мушкарски, правник од Синдикатот на металците, рударите и енергетичарите.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани