|
|
THIS IS TEST TITLEНи се заканува потоп
Големи поплави и се закануваат на земјава нареднава недела, прогнозира
Управата за хидрометеоролошки работи и ги повикува и институциите и граѓаните да
се подготват за можните последици.
Најризични региони се Пелагонија,
Полог, горните текови на Црна Река и на Треска, селата во Скопско, Кочанско,
Струмичко...
Поради наглото затоплување, од вторник ќе почне да се топи
снегот, па координативното тело за кризи во Управата смета дека хидролошката
состојба е алармантна.
Владата побара внимателно да се следи временската
состојба и повика надлежни служби, вклучувајќи ја и локалната самоуправа, да се
погрижат за превентивна заштита на луѓето и материјалните добра и за ублажување
на последиците од евентуалните поплави.
(М.Д.Т.)
|
|
|
|
 |
|
 |