|
|
THIS IS TEST TITLEАВГАНИСТАН Експлодирало возилото што ги носело убиените
Автомобил на авганистанската полиција со телата на четворицата убиени
македонски државјани настрадал во експлозија, јавија вчера светските агенции
повикувајќи се на гувернерот на авганистанската провинција Кандахар, Асадулах
Халид.
- Полицијата замина да ги бара телата на четворицата Албанци од
Македонија кои од талибанска група беа убиени минатата недела во реонот на
Мајуанд. Телата се откриени, но при враќање на силите на редот, се случила
експлозија, при што има полициски жртви - соопшти гувернерот на
Кандахар.
Макфакс соопшти дека во инцидентот загинале двајца полицајци, а
тројца се ранети.
Македонското МНР се уште нема официјална потврда на
информацијата дека се пронајдени телата на четворицата македонски државјани што
беа киднапирани во Авганистан. Како што завчера јавија повеќе агенции,
американските војници ги пронашле телата во минско поле во провинцијата
Кандахар.
|
|
|
|
 |
|
 |