Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
За изборниот законик 140 амандмани

Жарко Караџоски и Чедомир Краљевски од ВМРО-НП вчера ја напуштија расправата за изборниот законик на собраниската законодавно-правна комисија, бидејќи не помина нивниот предлог во избирачките одбори да има само административци. Последниот предлог на Владата е во одборите да има и два партиски члена. Тие најавија дека ВМРО-НП нема да гласа за изборниот закони ако Владата не им го прифати барањето.

За измени на изборниот законик се поднесени околу 140 амандмани од кои 60 се од ВМРО-НП, по 20 од партиите на Тито Петковски и на Лилјана Поповска, 10 од владејачката ДУИ и 14 од законодавно-правната комисија. Лидерот на Либералите Стојан Андов изјави дека по вчерашната координација со ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Земјоделско-народната партија се договориле да го поддржат изборниот законик, а најверојатно тоа ќе го направи и ДПА.

- Владата отстапи од европското изборно законодавство кога прифати во избирачките одбори освен административци да има и партиски членови и покажа дека не е за фер избори, туку дека и е поважен партискиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е доказ дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ направија пазар и сакаат да ги лажираат изборите, бидејќи во избирачките одбори ќе нема претставници од најмногубројната парламентарна опозициска партија ВМРО-НП - обвини Караџоски.

Неговиот сопартиец Краљевски рече дека мешаниот состав на избирачките одбори е непринципиелен договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Кондарко рече дека СДСМ не сака да учествува во препирките на двете партии ВМРО и предложи да прекине седницата додека тие две партии меѓусебе не се договорат. Тој ги отфрли обвинувањата дека имало пазарење помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и рече дека суштината на компромисот е да се создаде атмосфера за фер и демократски избори. (М.Т.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани