Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
МИНИСТЕРСТВОТО ГО ДЕМАНТИРА "ЕВРОНАЦИОНАЛ"
"Зеф Љуш Марку" се гради законски

Раскинат е договорот со фирмата "Евронационал" од Охрид, која до пред една година ја градеше зградата на гимназијата "Зеф Љуш Марку" во населбата Скопје-Север и нема право на жалба зашто работеше незаконски и не остави во долгови од 50 милиони денари, тврди Министерството за образование и наука.

Информацијата следуваше откако соопственикот на "Евронационал", Наумче Милошески, обвини дека Министерство му врши притисок да го напушти градилиштето, иако договорот и судските решенија биле на негова страна.

Фатмир Авмедовски, раководител на Секторот за инвестиции во Министерството, тврди дека на сметката има 40 милиони денари, кои не се доволни за да се изгради објектот. Тој објаснува дека на тендерот била избрана фирмата "Леснина инженеринг", која со непосреден договор и го отстапила договорот за градба на "Евронационал", а со одобрение на тогашниот министер Ненад Новковски. Изградбата почнала пред изборите во 2002 година без градежна дозвола и без решени имотно-правни односи. Тогашното раководство во Министерството му исплатило аванс од околу 30 милиони денари.

- Ние немаме документи за ова и не може да коментираме за ваквата злоупотреба од страна на раководствата во министерствата за образование и за финансии - тврди Авмедовски.

Тој вели дека поради авансот, министерот за образование Азиз Положани морал да ја продолжи соработката со "Евронационал". Во 2004 година бил склучен нов, официјален договор со градежната фирма. Авмедовски вели дека ја избрале "Евронационал", согласно тендерот од времето на Новковски, како најповолен изведувач. Но, условот за соработката бил фирмата да достави детален план за работа и да добива по 30 отсто помалку пари од вредноста на тековните градежни работи, со цел ресорот постепено да си ги враќа парите од авансот.

- "Евронационал" речиси не изгради ништо, иако вети дека гимназијата ќе биде завршена за десетина месеци. И плативме 12 милиони денари за тековните работи, но соработката ја прекинавме во март минатата година бидејќи фирмата не работеше според договорената динамика и за тоа неколку пати му укажувавме на Милошески. Во август лани распишавме нов тендер на кој е избрана тетовската фирма "Интерпроект" - објасни Авмедовски.

(Д.В. - Љ.Г.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани