Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
СТАВОТ НА СИНДИКАТОТ В ПОНЕДЕЛНИК
Плата го одложи штрајкот во МРТВ

Синдикатот на вработените во Македонската радио-телевизија в понеделник ќе заземе став дали ќе организира штрајк поради неколкумесечното доцнење на исплатата на платите и хранарината. Ова било одлучено по вчерашниот собир на работните луѓе на кој раководството на МРТВ им ја изложило тешката финансиска состојба во која се наоѓа националната РТВ-куќа.

Во МРТВ завчера била исплатена декемвриската плата, а со интервенција на Владата биле дадени пари и за Советот за радиодифузија, кој исто така се финансира од радиодифузната такса.

Илир Ајдини, заменик-претседател на Советот за радиодифузија, вели дека ќе бараат од Владата доследна примена на законската одредба според која од буџетот треба да се покрие разликата од собраните пари до 80 отсто од вкупниот износ на таксата што би требало да се наплати.

- Констатиравме дека има тенденција на големо намалување на наплатата на радиодифузната такса во последните месеци, која до средината на месецов изнесува само 3,4 отсто. Тоа ќе биде сериозна пречка за извршувањето на функциите на Советот. Засега радиодифузната такса ни е единствен извор на приход додека не почне да добиваме пари и од издадените лиценци за вршење радиодифузна дејност. Интервенцијата од Владата е само привремено решение. Се плашиме дека со новиот систем за наплата ќе продолжи трендот на беспарица за корисниците на радиодифузната такса- вели Ајдини.

Сериозните финансиски тешкотии во кои се најде МРТВ ја отежнаа редовната работа на јавниот сервис. Собранискиот комитет за односи меѓу заедниците вчера ја прекина седницата поради необезбеден пренос на Собранискиот телевизиски канал. (М.Б.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани