|
  Инфо
Друштвото со ограничена одговорност "Круг" е издавач на дневниот
весник "Дневник". Основачи на "Дневник" се Миле Јовановски, Бранислав
Ѓероски и Александар Дамовски. Првиот број на весникот излезе на 20 март
1996 година и оттогаш бележи постојан подем. Сегашниот просечен тираж на
весникот е 55.000 примероци, што претставува дневен весник со најголем
тираж во Република Македонија. Сите меѓународни мониторинзи извршени во
тој период во врска со објективното и независно новинарство во Македонија,
досега покажаа дека "Дневник" и во тој дел е убедливо на прво место. Во
рамките на весникот излегуваат и прилозите "Антена" (секој петок),
"Викенд" (секоја сабота) и "Огласи" (секој вторник). "Круг" д.о.о. е
основач на печатницата "ДЕ", која го печати и весникот. Втор основач на
"ДЕ" е печатницата од Кочани "Европа '92". Oд 1999 година сопственици на "Круг" д.о.о.
покрај Миле Јовановски, Бранислав Ѓероски и Александар Дамовски, се и
Милорад Стојмановски, Злате Лозановски, Владимир Богоев, Бојан Кицуровски
и американскиот инвестициски фонд СЕАФ. Денес бројот на вработените и на
хонорарните соработници во "Круг" е повеќе од 100 лица. Веб-страницата на
Дневник е прва веб -страница на пишан македонски медиум. Во просек дневно
таа страница на Интернет ја посетуваат повеќе од 30.000 читатели, главно
од Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд и од западноевропските земји.
|