Најнов број Насловна
Број 1631    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
ВРЕМЕПЛОВ

1911 - Сликата "Мона Лиза" на Леонардо да Винчи беше украдена од парискиот "Лувр" од страна на италијанскиот келнер Винченцо Перуџа. Сликата беше вратена во музејот во 1913 година.

1923 - Во селото Сингелиќ, Скопско, е родена Вера Јоциќ, народна хероина на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, Кривопаланечко, на 22. 5. 1944 година.

1927 - Харвардскиот професор Филип Дринкер изработи апарат за вештачко дишење, наречен "челични гради".

1944 - Во Дамбертон Оаку, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, беше предвидена и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.

1947 - Со одлука на Владата на Народна Република Македонија, во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар филм". Претпријатието својата дејност ја почна на 5. 12. 1947 година.

1959 - Хаваи станаа педесеттата држава на САД.

1968 - Советските трупи и војниците на четири други држави-членки на Варшавскиот пакт тргнаа кон Прага, откако ноќта ја минаа чешката граница.

1990 - Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.

1991- Латвија се прогласи за независна од СССР.

1991 - Советскиот претседател Михаил Горбачов прогласи дека повторно ја има целосната власт по 60-часовниот државен удар на комунистите. (МИА)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани