Најнов број Насловна
Број 1642    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
домашен лекар
Хистероскопија — без оперативен рез и трауми

Често нарушување од кое страдаат околу 25 отсто од жените е невообичаеното крварење од матката . Од жените кои доаѓаат на преглед кај гинеколог 30 отсто имаат вакви крварења, а пред крајот на генеративниот период и во постменопаузата таа бројка се зголемува на 70 отсто. Единствено вообичаено крварење од матката е менструацијата.

"Доаѓа" на секои 21 до 35 дена, и трае 4 до 6 дена, кога се губат околу 30 мл. крв. Ако се изгубат повеќе од 80 мл се смета дека тоа не е "нормално"крварење. Тогаш кај две третини од жените се јавува слабокрвност која треба да се лекува. Гинекологот ја прашува жената како и колку крвари, и дали има згрутчувања во крвта. Конечната дијагноза се поставува по прегледот, лабораториските анализи, испитувања на крвта - колкав е бројот на црвените крвни зрнца, и дали на жената и недостига железо. Причините за "ненормалните" крварења се утврдуваат со ултразвучен преглед. Ако наодот е нејасен или ако се посомневаме дека нешто не е во ред се пристапува кон хистероскопија. Покрај дијагностицирањето на здравствената состојба на матката, хистероскопијата овозможува и лекување. Лекувањето на "ненормалното" крварење од матката зависи од причинителот што довел до крварење како и од можните гинеколошки и други болести. Во лекувањето прво се препорачуваат лекови. Некои жени тешко ја поднесуваат терапијата заради несаканите последици, некои не смеат да користат ваква терапија, а ефектот од неа често не е задоволувачки.

Операција - Хистеректомија или одстранување на матката е најчеста операција кај жената во генеративната возраст - во времето кога може да раѓа. Операцијата за одстранување на матката има поволни ефекти - психолошкото олеснување по операција и можно спречување на развојот на "лошите" болести. Зафатот има и негативни последици - големи трауми на организмот, долго постоперативно опоравување, можно нарушување во мокрачниот и во системот за варење, потешко постигнување на сексуално задоволство, често затајување на работата на јајниците и предвремено "доаѓање" на остеопорозата.

Без оперативен рез - Ендоскопските техники и постапки овозможуваат без оперативен зафат со минијатурни камери да се набљудуваат "телесните простори" и работата на хирурзите. Оптичкиот инструмент хистероскоп овозможува дијагностицирање на промените на матката и нејзино лекување. Причина за крварење може да биде нарушена функција на јајниците, но и последици од болести на некои органи - црн дроб, бубрег, штитна жлезда и нарушувања на згрутчувањето на крвта. Има случаи кога не може да се најде видлива причина - крварењето е последица на хормоналната нерамнотежа. Најчеста причина за "ненормалните" крварења се "невообичаености" во градбата и слузокожата на матката кога има безопасни тумори (миоми или полипи). Ако миомот е во допир со површината со слузокожата може да се исече. Но ако е сместен во "телото" на матката тогаш се одстранува или се уништува слузокожата на матката (ендометрија) која крвари од миомот. Хистероскопското одстранување на миомот и слузокожата на матката се единствени операции каде гениталните органи остануваат зачувани. При операцијата инструментот кој е :широк: неколку милиметри се :внесува; во матката по :природен пат: низ грлото на матката - се изведува без оперативен рез и траумата на организмот е минимална.

Со хистероскопија може да се лекуваат 60 отсто од жените, кои имаат невообичени крварења и со овој начин избегнуваат вадење на матката. Болки по зафатот нема, а жената ја напушта болницата еден ден по изведувањето на зафатот. По одстранување на слузокожата некои жени имаат оскудни крварења, а од 30 до 50 отстоод нив воопшто не крварат.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани