Најнов број Насловна
Број 1701    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   

Германската полиција решена да обезбеди безбедно минување на "радиоактивниот" воз

ГЕРМАНИЈА
Еколошки здруженија се подготвуваат да запрат воз со радиоактивен отпад

Стотина демонстранти вчера се собраа на граничниот премиер Воерт меѓу Франција и Германија во обид да запрат воз натоварен со нуклеарен отпад, јави Ројтерс.

Владата во Берлин мобилизираше 15.000 полицајци да ја заштитуваат железничката композиција со која треба да се пренесат шест контејнери со радиоактивен отпад од Франција.

Германските активисти за заштита на животната средина остро се спротивставуваат на плановите за закопување на отпадот во напуштен рудник кај градот Герлебен, близу Хамбург. Се очекува тие да се обидат да го попречат возот врзувајќи се за шините на повеќе места по должината на целата маршрута. Полициските патроли ги чуваат шините, но не можат ефикасно да ја заштитат целата железничка линија. Кај градот Даненберг селани поставија голема барикада од трактори на шините. Пред две недели беше подметнат пожар под челичен мост преку кој треба да мине композицијата. Пожарот уништи дел од шините и предизвика штета од 1 милион долари. Се претпоставува дека пожарот го подметнале антинуклеарни активисти.

Спорниот радиоактивен товар е преработен отпад од германските нуклеарни централи.

Во почетокот на годинава еколошките здруженија успеаја привремено да спречат слична композиција со нуклеарен отпад. Но, вагоните стигнаа до Герлебен и отпадот беше закопан во напуштен рудник.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани