Најнов број Насловна
Број 1744    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
РАДИОАМАТЕРСТВО
Стружанецот Владимир Ковачески годинава постави европски рекорд

Радиоаматерот Владимир Ковачески од Струга (со личен повикувачки знак З35М), во текот на 2001 година постави европски рекорд во бројот на одржани радиоврски во текот на една година - со вкупно 43.300 врски. Ова е трет резултат на сите времиња во светот во поединечна конкуренција. Светскиот рекорд од 48.100 радиоврски во текот на само една година е поставен од сега веќе покојниот Ричард Спенсер од американските Девствени Острови во 1978 година, со што тој влегол во Гинисовата книга.

Резултатот на Владимир Ковачески е за само 10 отсто послаб од резултатот на Спенсер. Од вкупниот број врски (43.300), 12.500 се со аматерски радиостаници од други континенти (Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Океанија, како и Антарктикот). Во светот има неколку милиони аматерски радиостаници, од кои половина се во Европа. Радиоаматеризмот своите почетоци ги бележи уште од 1895 година, а минатата година се одбележа и стогодишнината од одржувањето на првата прекуокеанска радио врска (Ѓулелмо Маркони). Во Македонија има околу 100 аматерски радиостаници. Македонските радиоаматери досега повеќепати успеале да освојат први места во светот, што е многу значајно за волку мала земја. Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија е формиран пред 56 години. (С.С.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани