Најнов број Насловна
Број 1896    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   

Росана покрај сликата подарена од нејзината сестра

МОЕ КАТЧЕ: РОСАНА САРИЌ тодоровска, ПЕЈАЧКА
Детската, работното место и сцената

Мојот дом е нешто најдраго и најсвето, бидејќи се што е во него јас и мојот сопруг сме го стекнале со голем труд и со голема љубов. Сакам промени и затоа на секои три години го реновираме домот за да ни биде што поубав и поинтересен. Не можам точно да кажам кое е мое омилено катче, зашто секој дел од станот за мене има своја убавина. Ја обожавам дневната соба, особено делот каде што е телефонот. Кога сум порасположена, омилено место ми е кујната. Јас и ќерка ми Ивана со часови можеме да уживаме во нејзиното детско царство, опкружени со кукли и со многу други играчки.

Многуте предмети и сувенири распоредени насекаде низ нашиот дом секогаш ми ги враќаат спомените на многубројните патувања низ светот. Многу ми е драга големата слика што ми ја подари сестра ми Маријана пред да замине во Австралија. Сликата е поставена во дневната соба над телевизорот и секој што ќе дојде мора да ја забележи.

Многу драги предмети имам и во кујната. Тоа се специјално изработени заштитни ракавици за тавче, престилки и готвачи во вид на куклички. Посебно место имаат и статуетките што ги добивам за освоените награди на музичките манифестации. Сепак, најомилен предмет што го добив како подарок за роденден од ќерка ми и маж ми е еден голем златен крст, кој го носам постојано на мене. Тој сега е мојот заштитен знак.

Го обожавам и моето работно катче во "Еуротрејд", каде што поминувам поголем дел од денот, но и сцената, на која сум веќе 20 години. (С.А.Н)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани