Најнов број Насловна
Број 2061    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
Нутриционизам
Цинкот клучен при болести на простата

Простатата е мала жлезда меѓу мочниот меур и пенисот, со витални функции за организмот на мажите. Излачувањето на урината се врши преку уретерот, кој минува низ простатата, а простата ја создава и семената течност што ги храни сперматозоидите.

Кај 50 до 70 отсто од мажите над 50-годишна возраст, познати се две состојби што понекогаш ја зафаќаат простатата - хипертрофија или зголемување на жлездата и рак на простатата, што е најтешка состојба на жлездата.



Често ноЌно

уринирање - симптом

на хипертрофиЈа

Појавата на хипертрофија на простатата е поврзана со енормното користење на мастите, особено од животинско потекло, како и со лачењето на машките полови хормони - хормонската нерамнотежа.

Хипертрофијата може, но не мора, да доведе до најтешката форма - рак на простата.

Симптомите на хипертрофија се: често ноќно уринирање, намалено количество на урината, тешкотии и застој при уринирањето, наместо со млаз урината се излачува со капки, чувство на печење и непријатност при уринирање и појава на крв во урината. Понекогаш поради хипертрофија се јавуваат и проблеми со сексуалната потенција. Кога од хипертрофијата се блокира патот на истекување на урината, застојот може да предизвика оштетување на бубрезите, инфекции на мочниот меур и појава на камен во бубрегот.

Според медицинската статистика, ракот на простатата е присутен кај мажите исто како и ракот на белите дробови. Ракот на простатата се јавува најчесто кај постарите мажи, но ретко и кај мажи меѓу 30-тата и 40-тата година од животот. Оваа болест напредува мошне бавно, така што многу мажи, ако редовно не одат на контрола, не знаат дека боледуваат. Појавата на ракот на простата е најчесто поврзана со вишокот на машкиот полов хормон, тестостерон, во организмот, чие лачење го поттикнува исхрана богата со заситени масти од животинско потекло. Слична ситуација се јавува и кај жените, кај кои поради вишокот на женскиот полов хормон, естроген, се создава рак на дојката. Зголеменото ниво на естрогенот е во тесна врска со енормното консумирање масти од животинско потекло.



Редовно Јадете

свежо овошЈе

и зеленЧук

При хипертрофија на жлездата, лекарите препорачуваат соодветен медицински медикаментозен третман, а при рак на простата се практикува хируршка интервенција, хемотерапија и зрачење.

Болните треба да консумираат нерафинирани растителни масла (маслиново, ленено и др.), а во исхраната треба да има сосема малку масти од животинско потекло. Јагленохидратите не треба да потекнуваат од шеќери, туку од комплексни јаглени хидрати (скробови). Задолжително треба да се консумира свежо овошје и зеленчук, не само во вид на салати или термички обработени, туку и како свежо исцедени сокови. Не треба да заборавиме дека присуството на ензимите од свежото овошје и зеленчукот во исхраната се пресуден фактор во превенцијата и лекувањето на болестите на простатата. Најефикасни ензими се ензимот брокулин,к кој се наоѓа во броколите, бромелаинот, кој го содржи ананасот, и папаинот од свежата папаја. И другите ензими се битни во превенцијата и лекувањето и за да биде ефикасна евентуалната медицинска терапија, треба да се комбинира со правилна исхрана.

Свежо исцедените сокови од овошјето и зеленчукот со својата базна реакција ја намалуваат киселоста на организмот и му помагаат на системот што ја одржува ацидо-базната рамнотежа во организмот. Ензимите од свежо исцедените сокови меѓу останатото овозможуваат и да се искористат состојките од разложената храна, да влезат во клетките и да го оптимализираат имунитетот на клетката. Луѓето со оптимален имунитет, кои правилно се хранат, никогаш не заболуваат од болестите на простата.

Освен со внесување сложени јаглени хидрати, свежи и термички обработени зеленчук и овошје, интегралните жита, јатките и семките, и со редовно јадење грав, леќа, грашок, домати, суво грозје, урми и друго суво овошје (суви сливи, смокви, кајсии) се намалува ризикот од појава на рак на простата. Умерени количества пилешко месо може да најдат место во исхраната на заболените, но само ако во месото нема хормони, антибиотици и микробни токсини. Такво пилешко месо се продава на македонскиот пазар. Редовно консумирање морска и езерска риба значително го подобрува клеткиниот имунитет.

Како многу ефикасно средство во превенцијата и лекувањето на овие болести се покажале и проортените мешунки.



МатиЧен млеЧ и

проЧистен прополис

Додатоците во исхраната во вид на антиоксиданси од минерално потекло (селен, бакар и магнезиум) и од витаминско потекло (витамин Ц) се пресуден фактор за одбрана од агресивното дејство на слободните радикали, вируси и бактерии, врз жлездата простата.

Цинкот е особено корисен за спречување на проблемите со простата и за спречување на влегувањето вишок тестостерон во простатата. Добри извори на цинк се семки од тиква, сончоглед, јајца, живинско месо, слатководни и морски алги, харинга и морски плодови, грашокот, зрна од соја и печурки. Цинкот треба да биде застапен со околу 40 грама дневно бидејќи значително го намалува ризикот од овие болести. Медицинарите може да препорачаат и препарати со цинк, но треба да внимаваме да не се предозираат.

Во борбата со овие болести, се корисни и пчелините производи: матичен млеч во лиофилизирана форма, прочистен прополис и полен (освен ако болниот не е алергичен на него).

Во билните аптеки се продаваат комплети од растителни чаеви за решавање на овие проблеми, кои треба да се консумираат според дадените упатства. Чајот со свила од пченка ефикасно помага да се ублажат воспаленијата на простата, уретерот, мочниот меур и бубрезите.

Болните треба да знаат дека редовно треба да практикуваат умерени физички активности (да вежбаат) и што почесто треба да бидат на чист воздух и светлина. Треба да избегнуваат стресни ситуации. Исто така треба да избегнуваат алкохол, шеќер, кафе, сите адитиви и конзерванси, загадена вода, а особено не треба да консумираат преработени масти (маргарини и сл.). Сите луѓе, особено заболените од овие болести, не смеат да готват во алуминиумски садови поради опасноста од алуминиумските оксиди. Ако болните пушат, треба да најдат сила да се откажат од пушењето.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани