Најнов број Насловна
Број 2138    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
Нутриционизам
Јадете модри сливи при проблем со хемороидите
Преголемиот напор при празнењето на цревата создава притисок на крвните садови во дебелото црево, што е основна причина за создавање на хемороидите

Хемороиди се проширени вени во вид на јазли на слузницата на дебелото црево и на ректумот (анусот). Можат да бидат внатрешни или надворешни и се создаваат најчесто кај луѓе кои боледуваат од артритис, како и кај оние што многу седат. Тие се "присутни" и кај луѓето кај кои е чест запекот (опстипацијата), а понекогаш се создаваат и во време на бременоста. Многу често хемороидите се воспалуваат и предизвикуваат оток на анусот, болки и крвавење при празнење на дебелото црево. Луѓето што консумираат многу млеко и млечни производи и кои континуирано јадат храна во која нема доволно растителни влакна имаат чести проблеми со хемороидите поради големиот напор при празнењето.

Честопати луѓето мислат дека создавањето на хемороидите е "локален" или случаен проблем. Но основно е дека појавата на хемороидите е последица на системски дисбаланс во организмот.



Производи со доволно

растителни влакна

Преголемиот напор при празнењето на цревата создава притисок на крвните садови во дебелото црево, што е основна причина за создавање на хемороидите. Тоа може да се надмине со правилна исхрана и со консумирање производи кои содржат доволно растителни влакна. За надминување на проблемите со хемороидите ќе помогне и ако правилно активно се одмораме со умерени физички активности и пасивен одмор со доволно спиење. Исто така треба во текот на денот да испиеме осум до 10 чаши филтрирана вода. Магнезиумот кој меѓу останатото го внесуваме во организмот со пиење разни чаеви помага за добра перисталтика. Често треба да консумираме и компот од модри сливи. Модрите сливи го содржат алкалоидот дизантин кој ефикасно ја оптимализира перисталтиката (движење на содржината низ долгите црева). Витаминот Ц треба редовно да го консумираме заедно со лиофилизираниот матичен млеч, бидејќи на тој начин овозможуваме омекнување на фецесот со што се олеснува празнењето. Биофлавоноидите во исхраната од морковот и жолто-зелените зеленчуци помагаат да се намалат евентуалните отоци.



Надворешни третмани

Некои лековити билки кои можат да се набават во билните аптеки можат да помогнат во лекувањето. Меѓу останатите се издвојува алојата, која може да ја користат сите, а особено кај припадниците на крвната група "А" ефикасно ја подобрува циркулацијата. Чајот од бел слез, може да го смири иритираниот дигестивен тракт. Континуираното оптимално консумирање лук и кромид, присуството на ѓумбирот како зачин во сите готвени јадења и каранфилче како зачин во благите јадења со своите состојки кои се природни антикоагуланси значително ќе ја намали можноста од појава на хемороиди или ќе овозможи нивно исчезнување.

За надминување на хемороидите корисни се и таканаречените надворешни третмани. Премачкување на хемороидите со мелем за вени со липозоми во кои се инкапсулирани меѓу останатото и екстракти од див костен се корисни ако човекот чувствува болка во пределот на анусот или му трнат стопалата и нозете.

Кога се воспалени хемороидите, се препорачува повремено седење во када со топла вода во која ќе ставите сомелени лековити билки и етерични масла. На тој начин ќе се подобри циркулацијата и ќе се намали иритираноста. Во исхраната треба да се избегнуваат мастите од животинско потекло како и прегревањето (прегорувањето) на растителните масла.

Во комплицирани случаи за лекување на хемороидите е неопходна и хирурашка интервенција. Комбинација на внатрешни и надворешни третмани овозможува ефикасно да се надминат проблемите и тегобите со хемороидите.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани