Најнов број Насловна
Број 2141    вторник, 06 мај 2003
 
 
 
 
 
 
 
   
ФИЛМ
Се снима "Години на надеж" во режија на Светозар Ристовски

На локации во Велес денеска ќе почне снимањето на македонскиот игран филм "Години на надеж". Сценариото и режијата се на Светозар Ристовски, кој на македонската јавност и е познат по документарецот "Радоста на животот", кој доби награди на светските фестивали во Сан Франциско, САД и во Минхен, Германија.

"Години на надеж" е урбана социјална современа драма на работничко семејство, кое ја живее тажната животна приказна. Главните улоги ги толкуваат: Владо Јовановски како Лазо, Елена Моше како Анѓа и нивните деца, 13-годишниот Марко како Марко Ковачевиќ и 17-годишната Славица Манаскова како Фани, кои прв пат се појавуваат на филм.

Во актерската екипа се и Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко, Данчо Чевревски, Барјуш Мјаку, Салаетин Билал.

Филмот ќе се снима до 17 јуни. Се планира за киноприкажување да биде готов до почетокот на идната година.

Буџетот на "Години на надеж" е 600 илјади евра, најголемиот дел е обезбеден од Министерството за култура, а помал дел, околу десет отсто, од австриски партнер, кој ќе ја изврши постпродукцијата.

(П. П.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани