Најнов број Насловна
Број 2147    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
Нутриционизам
Со ефикасен имунолошки систем против алергиите
Сменетиот режим на исхрана е најчесто најважен за надминување на алергиите, а пресудно е да се елиминираат прехранбените производи од исхраната што ја причинуваат алергијата

Душан Матиќ - нутриционист
Алергија е интензивна, имунолошка реакција на телото на некоја супстанција што сме ја вдишале, била внесена во организмот или што дошла во контакт со кожата. Со оглед на загаденоста на воздухот во урбаните средини, честата загаденост на водата и прехранбените производи, кои неконтролирано се третирани со разни хемиски супстанции, алергиите се чести кај популацијата - секој човек имал посилна или помала алергија.



Видови алергии

Многу честа е т.н. поленска треска или алергија на поленов прав, која се манифестира напролет или во лето, кога цветаат липите, багремот, тревите и други растенија, а воздухот е исполнет со ситни честички поленов прав. Честичките влегуваат во телото и се комбинираат со еден вид имунолошки клетки познати како имуноглобулини Е (ИгЕ). Тогаш доаѓа до хемиска реакција во организмот при што се покачува нивото на хистаминот во крвта. Тоа доведува до алергиска реакција - кивавица, чешање во носот, "затнување" на носот и солзење во очите. Честа е и т.н. алергија на храна. Некои луѓе ќе каснат јагоди и за кусо време добиваат уртикарија (се исфрлаат по телото). Ова е т.н. фиксирана алергиска реакција. Пресното кравјо млеко понекогаш може да предизвика астматична реакција кај детето, а кај возрасниот да доведе до кожна манифестација. Алергиите од храна се последица на т.н. синдром на пропустливи црева, кога излитените ѕидови на тенкото црево непотребно пропуштаат недоволно сварена супстанција од храната во крвотокот. При нивно повторно влегување со храната предизвикуваат т.н. алергиски комплекси. Преголема чувствителност на хемикалии е чест вид алергија. За илустрација алергиска реакција на синтетска облека, контакт со разни видови прав, контакт со остатоци од пестициди и хербициди во храната и др. Загаденоста на околината е една од причините за пад на човековиот имунитет, а при енормна загаденост може да дојде дури и до комплетно губење на имунитетот.



Сменет режим на исхрана

Промената на режимот на исхрана е најчесто најважна за надминување на алергиите, а пресудно е да се елиминираат прехранбените производи за кои се сомневаме дека ја причинуваат алергијата. Нужно е да се обнови цревната флора, да се создадат ресички во тенкото црево и да се создадат услови пробиотиците (бифидус и ацидофилус) да бидат мнозинство, а не кусок во однос на патогените бактерии. Така ќе се надмине таканаречениот синдром на пропустливи црева. Најголеми причинители на алергии од храна се многу шеќери, глутенот од пченицата, млечните производи (пресно кравјо млеко), говедско месо, компири, школки, бактериски "неисправни" јајца, доматите, големи количества кафе, кикирики, соја, пченка, квасецот и агрумите - портокалот и мандарината. Многу е важно прехранбените производи да се повторуваат по седум дена за да не предизвикаат несакани реакции. За подобрување на имунитетот и за намалување на нивото на хистаминот во крвта, неопходно е да се зема три грама витамин Ц (три пати дневно по еден грам), секогаш комбиниран со лиофилизиран матичен млеч за да се намали агресивноста на аскорбинската киселина (витамин Ц). Потребно е редовно внесување на витамините од Б групата - витамин Б5, (го има во грејпфрутот), витамин Б6 (во пивскиот квасец) и Б 12, кој го синтетизира само здравата цревна флора. Помагаат и витаминот Е и селенот, како најсилни антиоксиданси. Во билните аптеки се нудат лековити билки што овозможуваат создавање ефикасен имунитет. Со своите лековити особености се издвојува лукот, а помагаат и жен шенот, ехинацеата и др.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани