Најнов број Насловна
Број 2286    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
МАКРОБИОТИКА
Заменете го турското со биокафе
Биокафето (јанох), се прави од растителни состојки, според потребите, навиките и можностите на населението на одредено географско подрачје

Познато е дека турското кафе, кое е омилен напиток кај нас, предизвикува сериозни последици за организмот. Надразнувањето на желудникот, зголемувањето на желудочната киселина, срцебиењето, вознемиреноста се само дел од тегобите што ги чувствуваат консументите на традиционалното кафе. Хит во здравата храна во последниве години е кафето од житарки - биокафе - и цикорија, кои благодарение на извонредно добро избалансираната комбинација на интегрални житарки и легуминози, дејствуваат благопријатно врз метаболизмот на најважните органи и системи на човечкиот организам. Биокафето е составено најчесто од разни комбинации на следните интегрални житарки: интегрален ориз, ?рж, пченица и мешункасти растенија (легуминози), уров, наут, азуки грав и корен од билката цикорија. Се подготвува слично како турското кафе. Една полна кафена лажичка се става во 100 мл вода, се вари 3 до 4 минути. Се процедува и се засладува по можност со интегрален (жолт) шеќер. Може да се пие во секое време, пред и по јадење, повеќепати дневно. Тоа го нема брзиот стимулативен ефект на кофеинот, но ги има многуте корисни дејства на корисните состојки. Овој природен напиток од растително потекло го користеле и нашите предци, во различни комбинации. Здравствената статистика говори дека тие неспоредливо помалку страдале од кардиоваскуларни и цереброваскуларни и од малигни заболувања.



Корисни деJства

на биокафето

Биокафето содржи интегрален ориз, кој е богат е со јаглени хидрати, белковини, минерали и витамини, дава сила, енергија и има мошне смирувачко дејство.

?Ржта што ја има кафето содржи јаглени хидрати, протеини, масти, минерали (калциум, фосфор, железо, калциум, натриум, сулфур и манган) и витамини Б и Ц. Таа дава сила, ја збогатува крвта со железо, помага при проблеми и болести поврзани со циркулацијата на крвта, добра е за дишните органи и за органите за излачување. Пченицата е богата е со јаглени хидрати, протеини, масти, минерали (фосфор, магнезиум, калциум, железо), витамини од Б-групата, витамин Е и провитамин А. Корисна е за луѓе заболени од хроничен ревматизам, го зајакнува имунитетот, а, благодарение на изобилство од растителни влакна, претставува одлично средство против опстипација (тврда столица).Биокафето содржи и наут. Тој е богат со протеини, јаглени хидрати, масти, целулоза, минерали (магнезиум, калиум) и витамини Б, А и Ц. Добар е за намалување на лошиот холестерол и ја подобрува функцијата на бубрезите и на мочниот меур. Уровот е корисен бидејќи дава сила и енергија.Азуки грав е важна состојка во биокафето. Содржи помалку маснотии и масла од другите мешункасти растенија. Добар е за бубрезите, мочниот меур и за репродуктивните органи, ја подобрува работата на цревата, ги отстранува отровите од организмот. Помага во нормализирање на менструалниот циклус. Цикоријата претставува мошне значајна компонента во составот на биокафето. Во продавниците за здрава храна може да се најде и како цикорија - природен екстракт за кафе. Големиот римски лекар Гален рекол дека цикоријата е голема пријателка на жолчката и на црниот дроб. И во средниот век оваа билка се употребувала против стомачни и црнодробни заболувања. Богата со пектин, витамин Ц, флавоноиди, цикоријата има голема улога при проблеми со бубрезите, ја прочистува крвта, има седативно дејство, а поради инулинот слободно може да ја користат и дијабетичари. Цикоријата се подготвува на следниот начин: една супена лажица цикорија се вари три до четири минути во половина литар вода. Се процедува и се пие.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани