Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ПРЕСУДА
И канцелариските забави се работа

Ако вработените учествуваат на забава во канцеларија, се смета дека се на работа се додека шефот не замине, пресуди во четвртокот еден германски суд врз основа на отштетното барање на еден вработен, кој на божикна забава се здобил со повреда на главата. Случајот завршил пред судот за работни спорови, бидејќи осигурителната компанија одбила да му исплати обесштетување на мажот кој на божикната прослава во својата канцеларија се лизнал по скалите и тешко си ја повредил главата.

Судот одлучил дека осигурувањето од несреќа, што компанијата го плаќа, го покрива и таквиот случај и дека треба да се исплати обесштетување, бидејќи тој се уште бил на работа.

"Осигурувањето трае се до службеното завршување на собирањето што има врска со работата. Ако тоа време не е прецизирано, учесниците може да сметаат дека работата и натаму трае, се додека е присутен надредениот", се вели во пресудата.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани