Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
НА 24 АПРИЛ pay-per-view
Спиритуалисти ќе го "оживеат" Ленон

Повикувањето на духот на поранешниот член на "Битлси", Џон Ленон, кој беше брутално убиен пред 25 години, е најновата тема за pay-per-view сеансата организирана од продуцентите што во 2003 година се обиделе да контактираат со духот на принцезата Дајана.

Тоа шоу било жестоко критикувано како најдлабоко дно на телевизискиот невкус. Шоуто за Ленон ќе биде емитувано на 24 април на pay-per-view канал, за кој пристапот чини 9,95 долари.

- Луѓето велат дека ова е одвратно и јас ги прифаќам критиките, но ние правиме сериозен обид да направиме нешто за што милиони луѓе од целиот свет веруваат дека е можно - вели Пол Шарат од "Старкаст продакшнс".

Продуцентите го одбрале Ленон зашто тој, исто како и Дајана, е икона и бил длабоко спиритуална личност. Шоуто "Духот на Џон Ленон" се организира без знаење и согласност на неговата вдовица Јоко Оно.

Во шоуто ќе бидат прикажани медиуми што ќе патуваат на локации со значење за Ленон, вклучувајќи го неговиот апартман "Дакота" во Њујорк, пред кој бил убиен, зградата на "Капитол рекордс" во Лос Анџелес во која снимале "Битлси" и во гратчето во Индија во кое Ленон трагал по духовен спокој. Шоуто ќе кулминира кога медиумите, колегите и пријателите на Ленон ќе седат крај масата за сеанси 30 минути, опкружени со инфрацрвени камери што можат да забележат какво и да е "присуство" на дух што ќе влезе во просторијата.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани