Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ОД СВЕТОТ НА ПОЗНАТИТЕ
Џери Луис одликуван со француската Легија на честа

Американскиот комичар Џери Луис, на прославата на својот 80. роденден, во четвртокот во Париз бил одликуван со Легија на честа, највисокото француско одликување.

Луис на свеченоста во француското Министерство за култура дошол во влечки и се шегувал, создавајќи одлична атмосфера, а во текот на 20-минутниот говор на францускиот министер за култура често гледал во часовникот. Неговиот говор бил кус, но сликовит.

Тој ја пофалил француската смисла за хумор и рекол дека е вљубен во Франција во последните 60 години. Освен одликувањето, Луис добил и торта на два ката.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани