Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Линдзи Лохан - заштитно лице на Луј Витон

Холивудската актерка Линдзи Лохан (19) станала ново заштитно лице на модниот дизајнер Луј Витон, заменувајќи ја познатата бразилска манекенка Жизел Бундшен.

Водечкиот дизајнер на модната компанија на Витон, Марк Џејкобс, и понудил на Лохан да ја носи нивната колекција за есен/зима 2006/07, а таа со воодушевување прифатила. Многумина велат дека Лохан е голема обожавателка на креациите на Витон. Иако некои се сомневаат поради ваквиот избор зашто сметаат дека Лохан е премлада и не ги поседува карактеристиките што ги бара Витон, Џејкобс го демантирал тоа велејќи дека сака неговата следна рекламна кампања да биде младешка и во стилот на цртаните филмови. Освен Жизел, компанијата "Витон" досега ја претставувале Џенифер Лопез и Ума Турман.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани