Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Италија - Ливорно се надева на чудо против Јувентус

Интер и Лацио го играат дербито на 30. коло во италијанската Серија А. Интер се бори за 2. место на табелата, а Лацио се надева на позиција што ќе го одведе во евронатпреварите. Интер речиси 13 години нема победа над Лацио на "Џузепе Меаца" во Серија А. Во двата тима има дури 7 играчи што играле и за Лацио и Интер. На овој меч најверојатно ќе настапат само тројца, и тоа Себастијан Верон, Анџело Перуци и нашиот Горан Пандев, кој премина во Лацио токму од Интер. Пандев во минатото коло против Реџина го постигна 6. гол сезонава за "бјанкочелестите". Од преостанатите четворица играчи што играле во двата тима, поради повреди ќе ги нема Фавали, Дабо и Сезар, а суспендиран е Станковиќ. Двата тима ќе бидат без казнетите капитени Хавиер Занети и Паоло ди Канио.

Милан, кој речиси ги загуби шансите за титулата, гостува во Удинезе, кој е во очајна серија. Тимот од Удине во 2006 има само една победа. "Росонерите" имаат проблеми со одбраната, каде што поради повреди ќе ги нема Кафу и Малдини, а суспендирани се Стам и Гатузо. Удинезе (играше и во ЛШ), како што тече првенството, игра се полошо. Сега се бори да не дојде во опасната зона.

Лидерот на табелата Јувентус му гостува на Ливорно, кој предводен од првиот стрелец Кристијано Лукарели (14 гола) се надева на чудо. Кај "старата дама" повредени се Ковач, Ѕамброта, Бириндели и Залајета, а Челини е суспендиран.

30 коло: сабота (18 ч.): Тревизо - Калјари, а во 20:30: Ливорно - Јуве. Недела (15 ч.): Фјорентина - Асколи, Удинезе - Милан, Интер - Лацио, Кјево - Сиена, Реџина - Емполи, Сампдорија - Палермо, Лече - Парма, а во 20:30 ч. Рома - Месина.

Листа на стрелци: Тони (Фјорентина) 23 голови, Трезеге (Јувентус) 18, Шевченко (Милан) 16, Тоти (Рома) и Џилардино (Милан) по 15, итн.
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани