Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Шпанија - Вилјареал и Атлетико М. во битка за еврокуповите

Во отсуство на големо дерби, мечот помеѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид е најпривлечниот од 28. коло во Шпанското првенство. Двете екипи што се борат за место на табелата што води во еврокуповите, ќе настапат ослабени. "Жолтата подморница" нема да смета на услугите на својот најдобар фудбалер Хуан Роман Рикелме, а кај гостите ќе ги нема Макси Родригес и Мартин Петров. Кај мадриѓаните ќе се врати Ибагаса.

Барселона за поразот од Осасуна во минатото коло ќе се вади на гостувањето против Реал Сосиедад. Добра вест за Барса е тоа што едниот жолт картон на Едмилсон му беше избришан и ќе има право на настап. Ново и Де Паула се враќаат кај Сосиедад. Реал Мадрид дома е фаворит против кандидатот за испаѓање Бетис. Лошата форма екипата од Севилја ја потврди и завчера, со дебаклот во Купот на УЕФА.

Право на настап во ова коло немаат многу суспендирани играчи што во минатото коло добија петти жолт или црвен картон. Тоа се Бодипо, Карпинтеро, Коромина, Хуанито, Сариеги (сите од Алавес), Габи, Петров (Атлетико Мадрид), Орбаис (Атлетик), Мота (Барселона), Мели (Бетис), Варела (Кадис), Контрерас, Серхио, Тристан (Депортиво), Армандо Са, Коста (Еспањол), Делпорте, Моа, Пуњал, Раул Гарсија, Рикардо (Осасуна), Аитор Осио (Севилја), Кањизарес (Валенсија), Рикелме (Вилјареал), Алваро и Габриел Милито (Сарагоса).

Двојки за 28 коло, денеска: Хетафе - Ла Коруња (18 ч.), Реал С. - Барселона (20), Вилјареал - Атлетико М (22). Утре: Севилја - Мајорка (17), Кадис - Алавес (17), Еспањол - Осасуна (17), Расинг С. - Валенсија (17), Малага - Сарагоса (19), Реал М. - Бетис (19), Селта - Атлетик Б. (21).
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани