Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
ПУИГ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА РЕОНСКИОТ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ
Тужба за Кирил Тодоровски, отштетата за станарите

Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор ќе поднесе тужба против градоначалникот на Општината Аеродром, Кирил Тодоровски, поради тоа што одбива да учествува во изградбата на инфраструктурата во реонскиот центар Аеродром. Директорот на јавното претпријатие, Владо Стојановски, најави дека парите од отштетата од судскиот спор ќе им ги подели на граѓаните, кои четири години чекаат да се вселат во становите во Ново Лисиче. Повод за тужбата се претставките што "несудените" станари масовно ги поднесуваат до Народниот правобранител.

Стојановски вели дека за да ги заштити граѓаните од вакви идни несакани ситуации, јавното претпријатие ги откажа сите инвестиции на територијата на општина Аеродром, во вредност од 40 милиони евра и ги пренасочи во општините Центар, Чаир и Ѓорче Петров.

Неофицијално дознаваме дека скопскиот градоначалник Трифун Костовски се обидел да разговара со Тодоровски за да се најде решение за ситуацијата, но градоначалникот на Аеродром одбил да соработува.

- И покрај сите напори на јавното претпријатие и на градските власти да најдат начин станарите да се вселат во зградите во реонскиот центар, не успеавме да го убедиме градоначалникот Тодоровски да си ја заврши обврската околу изградбата на инфраструктурата. Бидејќи тој е одговорен за проблемите со вселувањето, сите пари од отштетата, за која сум сигурен дека ќе ја добиеме, ќе им ги доделиме на станарите. Тоа е најмалку што можеме за да им надоместиме за четиригодишните мачења. Судските трошоци ќе ги плати јавното претпријатие - изјави Стојановски. (Д.Т.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани