Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
НЕМА КАДЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ПЦОВИСАНИ ПТИЦИ
Исклучени телефоните во Ветеринарната управа

Телефоните во Министерството за земјоделство и во Ветеринарната управа се исклучени поради неплатени сметки. Граѓаните реагираат дека не можат да пријават пцовисани птици за надлежните ветеринарни служби да ги соберат за да испитаат дали станува збор за птичји грип.

Во Ветеринарната управа вчера потврдија дека телефоните им се исклучени, а за детални информации не упатија во Министерството за земјоделство, каде што телефоните не функционираат повеќе од две недели. Телефоните се исклучени и во подрачни единици на Министерството низ земјава.

Во Министерството за земјоделство не гледаат проблем што Ветеринарната управа е недостапна за граѓаните.

- Граѓаните можат да се јават на Ветеринарниот факултет или таму да ги однесат пцовисаните птици. Важно е дека ние добро функционираме и со неколку линии и правиме напори да ги палтиме неплатените сметки. Станува збор за неколку сметки од пред два-три месеци, а не се платени бидејќи немаме доволно пари. За нас приоритет беа исплатата на тутунот и контролата на евентуална појава на птичји грип - изјави Соња Трајкова, портпаролка во Министерството.

Таа вели дека немаат евиденција колку линии им се исклучени и колкав е долгот кон "Македонски телекомуникации". Од телекомот вчера не успеавме да добиеме информација за долгот на Министерството за земјоделство. (А.Ф.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани