Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
Се ПОСИТНО ВО НДС
Хисни Шаќири негира, ДПА го слави окрупнувањето

Претседателот на Нови демократски сили Хисни Шаќири вчера негираше дека целиот негов тетовски разгранок преминал во ДПА. Партијата на Арбен Џафери завчера соопшти дека мотивот тетовскиот разгранок на НДС да се припои кон нив е остварувањето на колективните права на Албанците промовирано од Бардуљ Махмути. Претходно кичевскиот разгранок на партијата на Шаќири се приклучи кон ДПА.

- Претседателот на тетовскиот разгранок Сади Беџети и членот Алајдин Хасани се припоија кон ДПА од лични интереси. Беџети е роднина на Бардуљ Махмути, а Хасани со Беџети. Џафери ја изгуби битката со ДУИ и затоа сега ја раситнува мојата партија - обвини Шаќири.

Додека Шаќири негираше дека разграноци на неговата партија се припојуваат кон ДПА, вчера кон партијата на Џафери се приклучи и струшкиот разгранок на НДС.

ДПА за вчеравечер најави коктел по повод окрупнувањето на партијата, на кој ќе присуствуваат и високи функционери на Демократската партија на Косово на Хашим Тачи. (М.Т.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани