Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
СТАРСКИ ДОМ, БИТОЛА
Само за директорот нема плата

Директорот на битолскиот старски дом Иван Јолевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и по осум месеци од преземањето на должноста не зел плата, ниту му е решен работниот статус. Тој вели дека тоа е последица на партискиот реваншизам на Томе Димитровски, директор на Агенцијата за вработување од Битола, член на СДСМ.

- Јас сум единствениот директор од сите што се назначени по децентрализацијата на власта што остана без вработување. Со судско решение сум заведен како овластен претставник на старски дом. Министерството за финансии го признава мојот потпис, па вршам и исплата на плати. Единствено само директорот на Агенцијата за вработување не сака да го заведе мојот работен однос - вели Јолевски.

Димитровски ги отфрла обвинувањата дека вршел партиски реваншизам.

- Јас само го почитувам Законот за буџет и чекам согласност од Министерството за финансии да го заведам како директор - вели Димитровски.

Јолевски до Министерството за финансии веќе доставил уредна потврда дека со децентрализацијата, општината ќе се грижи за неговата плата. Но, министерството одговорило дека иако старскиот дом е децентрализирана установа, општината смее да издвојува пари за набавка на храна и за други потребни материјали, но не и да ја обезбедува директорската плата.

Откако Јолевски седна на директорското место, прво се тужеше со поранешниот директор Ѓорѓи Христовски, кому иако му беше истечен мандатот не сакаше да ја напушти фотелјата, а сега најави дека ќе го тужи директорот на Агенцијата за вработување, Томе Димитровски.

(Ж.З.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани