Најнов број Насловна
Број 3015    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   
THIS IS TEST TITLE
СКУДРИЊЕ
Камп-приколки за 20 најзагрозени фамилии

Жителите на Скудриње што во понеделникот беа евакуирани заради опасноста од големи одрони на камења од Владата ќе добијат камп-приколки за привремено сместување. Тим од експерти и министерот без ресор Владо Поповски вчера го посетија загрозеното подрачје во долнореканското село Скудриње зафатено од камена лавина.

- Стручна екипа од Градежниот факултет во Скопје препорача решавање на проблемот во три фази. Прво, итно треба да се почне со изградба на заштитен ѕид, а понатаму да се изврши тивко минирање на карпата што виси над главите на селаните. Како трајно решавање на проблемот мора да се направи студија и испитување на теренот и лизгалиштето - изјави Черкез Јакупоски, претседател на Советот на Општината и координатор на Кризниот штаб.

Според него, принудно сместување им е потребно на 20 семејства. Кризниот штаб утврди колку камп-приколки ќе бидат потребни и каде ќе се лоцираат.

Во неделата ноќта од стрмните падини во подножјето на планината Дешат се стркала лавина од камења и се закани да урне и оштети дваесетина куќи. Жителите на Скудриње најмногу стравуваат од можното распаѓање на карпата што се наоѓа над селото, која, според нив, може да отсече дел од селото во кој се наоѓаат селската амбуланта и училиштето. (З.Г.М.)
НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани